ПОДЛУЃЕТО ЗА КОЈ СИ СЕ БОРЕЛ ТРЕБА ДА БИДАТ УНИШТЕНИ!!! САМО ТАКА ЌЕ СЕ ОСЛОБОДИШ ОД ПРОБЛЕМИТЕ И СВЕТЛИНАТА ЌЕ ЈА ВИДИШ!!!
Би било убаво тоа да се случи, ама за жал тешко дека таа ноќ ќе дојде.
Повторно сум станат нагло. Не можам воопшто да спијам. Сеуште паметот ми е поврзан со минатото. Минато од кое можеби спас нема да најдам. Сурово, безмилосно, диво и крваво. Човечноста ја изгубив. Детето во мене умре. Животот мој го жртвував. А за што? За глупости! За глупости кој некое асолно човечко суштество раце ќе крене и ќе си продолжи да си го живее животот како ништо да не се случило. Без грижа на совест, без загуба, без крв да исфрли. Тоа е нешто што јас сакам да си го имам назад. Да ја вратам од дното на црнилото што самиот човек го создава со секој негов чекор мојата радост и љубов. Ама тоа тешко дека ќе се случи. „Надежта последна умира“, велат сите. А таа умре уште во првиот момент кога одземав живот.
Поминаа 2 години од граѓанската војна, која започна поради... Стварно не знам зошто и како започна, но знам дека крајниот резултат беше крв и ладни безживотни тела. Во таа претстава и јас учествував. И тоа како главен лик. Замисли си. Од некој што започнал како дел од позадината, завршува како главна ѕвезда кон крајот. Е тоа бев јас. А причината за мојата трансформација е апсолутно и бескрајно неопишлива. Само знам дека завршив во позиција полоша од некој што направил секаков вид на криминал во времетраење на една војна.
Станав од кревет и тргнав накај кујната, со намера да каснам малку тортиља со вкус на паприка. Иако не јадам такви работи, тие грицки ми се слаба страна. Плус еден Швепс и мераци ми се тие минути кои ги поминувам јадејќи и пиејќи. Ама, што да најдам во кујната. Сестра ми ја фаќам, каде безмилосно ми ги јаде грицките и ми фрла поглед кој вели: „У пичку матер! Ме фати селјаков.“ Се доближив до масата и повлеков столчето за да седнам:
- „Зошто не спиеш?“ - Ја прашувам.
- „Ми се пријаде тортиљава малку.“ - Ми одговара, давејќи се со МОЈАТА тортиља. „ Зарем не смеам малку да каснам?“
- „Касни, никој не ти пречи. Ама не е твоја. Тоа претпоставувам го знаеш“
- „Е де. Малку мислев, не целото. А инаку можеш од Швепсон да ставиш за нас?“
- „Океј.“
Земав чашите и ставив за нас. Се вратив назад и почнавме мал муабет. Како и иде школото, со матурата, плановите за да се запише за на факултет и општо, онака муабет си правевме. Но дојде момент кога сето тоа кулминираше во прашањето што јас го одбегнувам веќе подолго време:
- „Зошто бегаш? Знам дека имаш нешто што сакаш да го исфрлиш од себе, ама одбиваш. Кажи ми зошто? Мама и тато се загрижени исто така. Те молам! Кажи ми зошто бегаш од себе и од нас?“
- „Бидејќи е време да легнеш оти е 4:30 времето.“
- „ШТО?!?!?“
И така, на трчање стана, ги исчетка забите, се утепа по скалите и се врати во кревет да спие.
А јас останав уште малку во кујната. Подоцна и ја се вратив.
12:30. Станувам од спање и одам да се измијам. Поточно, станувам од спање и се затепувам со сестра ми по пат. Кој прв да влезе да се измие. Можеби сум постар и зрел, ама добро е што сум дома. Можам да сум си ненормален без проблеми. Уште посмешно е и за сестра ми. Жими таквово што е ценета за нејзината зрелост. Понездрава е од мене.
Ама си завршивме со миењето, доручквувавме и се облековме за прошетка. Во план ни беше со нашите да им помогнеме со пазарењето, па јас да ја испратам сестричката моја до ресторанот за да се види со дечкото.
Излеговме. Убав и топол ден е. Птиците пејат. Сонцето е топло, но не до толку ко да е лето. Небото е чисто, со минимално ниво на облаци. Прекрасен ден за прошетка. Полека, стигнавме до супер маркетот и пазарењето започна (нормално со кавги кој што да купи), и заврши брзо (повторно со кавги. А јас и дада се смеевме ко зелени). Ставивме во кола работите и ги однесов дома, па после до ресторанот отидов, ради дечково на сестрава моја. И се беше убаво и нормално, и си заминав после да повозам малку, мислите да ги расчистам.
Од самиот почеток кога излеговме, мислите за убивање ми се вратија. Со секакви подбивања за да ме натерат да земам нешто и да убијам некого по пат. Ама не моето семејство. Туку народот околу нас.
Се јавија со причина: неблагодарноста и недисциплината која самите ја создаваа, ЈАС да ја запрам, како што направив пред 2 години:
- Мачетата ја земав, забодев еден, заклав друг, му земав на закланиот пиштолот и продолжив со убиањето. Двете страни на војната, те едни за владата, те други што се против владата. Сите до еден ги уништив. За некој што не е трениран како војник, излегов подобар од целата наша војска, која исто така беше вклучена во војната, но со други наредби: да неутрализира ситуацијата на МИРЕН начин.
- Но тоа не помогна. Тоа ја влоши целата ситуација уште повеќе. Конфликтот беше уште по фатален и по суров. На врвот од убивање помеѓу народот поради свои причини, бев и јас таму. Причина за моето присуство немав. Туку едноставно телото мое одлучи да се фрлам во конфликтот.
- 4 дена без престан убивање и колење. Тивко и гласно. На секаков начин убивав. Научив како се раководи со секаков вид на оружје во тој краток период. Од модерно до старомодно оружје. Се тоа, против цле град. И на крај завршив на врвот. Над сите.
- По пат најдов важни документи кои ја отклучија тајната поради конфликтот.
I. Владата не правела ништо за народот. Си ги гледала своите гаќи. И поради тоа, граѓаните одлучиле да ги решат проблемите со сопстевни раце, бунтувајќи против тоа што самите го одбрале.
II. Граѓаните се бунеле за секакви работи што се случувале во градот. Од тоа како градот нема голем напредок до град кој има преголем напредок и нема некоја си традиција. Малтретирале се живо и диво, бидејќи не биле работите како што они си замислиле.
- Јас не знам како не бев обвинет за воени криминални злосторства на крајот. Можеби поради тоа што сум успеал да издвојам најважното што ми помогна да не завршам во затвор или да бидам осуден на смртна казна. Никаква казна не добив, туку почит за моето учество. А јас влегов во конфликтот поради тоа што мама ми ја нападнаа дур бевме излезени. Ептен беа уплашени за мене, но на крај се вратив жив и здрав и сто пати морав да се бањам оти корнев.
И искрено сакав да нападнам нешто. Бидејќи дур возев, дел од објектите се реновираа сеуште. Работниците, колку и да им беше тешко поравањето, го поправаа. Ни А, ни Ш од нивната уста. Само си работеа. А народот, ко демек не виделе нешто страшно, си продлжуваа по нивното: да малтретираат.
Ќе беа прегазени, да не видев по пат момче кое му викаа другарите поради нешто што направил или рекол. Не беше сеуште зелено, па фрлив уво да слушнам што и како. Причината било за викањето поради тоа што рекло детево дека стварно глупост направил народов без причина. А другарите му викале дека тоа не било глупост, туку знак на храброст, и дека повторно ќе го направеле тоа, ако им се дало шанса.
Дали ги прегазив? Не. Дали сакав? Да. А што направив? Си продолжив напред.
И во тој момент сватив: Од што животот им е убав, сакаат проблеми да создаваат.
За џабе се борев и за џабе ослободив.
Лудилото нема никогаш да заврши...
Мирните денови, еден ден ќе ги видам.
Ама не денес. Ниту утре.
Можеби некој друг ден.
Lord Slayer

