Првиот чекор е секогаш најтешкиот,
Се чини дека душата ти излегува,
Страдањата се големи,
А болките уште поголеми.
Се навикнуваш, малку по малку,
Тешко е, но не како на почетокот,
Страдањата и болките, големи,
Целите твои, уште поголеми.
Веќе ги совладуваш тешкотиите,
Лесно, прелесно,
Страдања и болки?
Не знаеш ни ти што се тоа повеќе.
На врвот веќе стигнат,
Покрај сите болки и напори,
Со горд глас само изузтуваш:
„Вредеше! Апсолутно вредеше!“
Ѓорѓи „GioGio“ Илиев

No comments:
Post a Comment