![]() |
| Credit: Pixabay/CC0 Public Domain |
Људи! Људи! Вратио се Шиме!
Аман бре синко, не извади од
памет бре!
Од такт не извади бре, синко!
Зарем така ли се нагласува дека си дошол дома?
Аман бре, луѓе! Само се вадите од такт кога ќе дојдам тука. На што личи
ова, само да се вадаите од памет. Војници подобро ќе реагираат него ли вие.
Ај иди остај работите и
пресоблечи се, па кажи ни како си помина денес на школо. Не седи овде да не ти
се усмрдат работите.
Дур идеш накај соба, земи го
легенот што е во дневна и однеси го во соба и спреми си ги алиштата.
Оф тешко мене, со каква фамилија живеам...
* * *
Океј, завршив со алиштата и се пресоблеков. Инаку што се готви за ручек?
Многу убаво мириса!
Шпагети со сос од печурки.
Твоето омилено.
ОООООО!!! Па шо не рековте бре дека тоаќе јадеме.
Па нели со мајка ти правевме муабет синоќа за што да јадеме
денес и рече ти шпагети?
Епа тато сега, види вака. Исто така и ти мама слушај: Толку глупо беше
денес на школо што заборавив и дека сум рекол нешто за денес за јадење. Прв час
хемија, досадно како и секогаш. Втор час француски, учевме за едно глупаво време
futur proche (футур прош). Претешко беше за да се разбере како функционира и
кога и како да се употреби. БЛИСКО ИДНО ВРЕМЕ СО НОВИ ПРАВИЛА И ФОРМИ НА
ГЛАГОЛИ!!! МОРЕ АИР ДА НЕВИДАТ ФРАНЦУЗИВЕ СО ОВОЈ ГЛУП ЈАЗИК! И сега треба
домашно да пишуваме во врска со тоа... И што ме гледате така?
Синче...
Не мора да се нервираш ради тоа.
Ќе стигнам до делот ЗОШТО сум нервозен. После тие два часа, одмор имавме.
Ниту со другариве ништо не правевме оти ни во трговскиот немаше нешто интересно
да се јаде, гледа, зафркава. Трет час после тоа имавме географија. До некаде
беше интересно. Учевме за границите кај нас и нивните големини.
Дај ваму чашата ако може?
Слободно! Имаку, после тоа биологија учевме за машки и женски полови органи.
Цел час го поминавме во заебавнции со секс. Ама после на тој краткиот одмор е
каде што ептен се изнервирав.
Фала Богу, дојдовме до главниот
дел. Земи си и тањири исто така, оти јадњето е веќе готово!
Дали сте бре сериозни? На најважниот дел вие ми викате да земам тањири.
Е ако де. Нема да ти избега
мислат а дур помогнеш малку.
У право си, мајко. Абе тато, ако можеш да дадеш малце од сокот стави да се
напијам?
Еве ти, синко!
Фала, тато. Инаку да. Моментот на вистината или т.н. тренутак истине:
Дојдоа неколку деца од друг клас и побараа помош бидејќи... Тој идиотот што ме
замара цело време нешто се повредил и јас бев меѓу тие кои бараа да помогнат.
Неколку души рекоа да. Јас само реков со така намуртен тон: Зошто да помогнам?
Сите у тој момент ми се нафрлија и почнаа да ме нарекуваат све и свашта и
дека сум бездушник со омраза во срцето мое, дека немам човечност, дека су
мваков и онаков.
А зошто си го рекол тоа така?
Зошто не си рекол не можам оти сум шинал грбот и не сум во можност да помгонам?
Е да бе! Ќе изигравам нивен човек пред нив. И така ме направија партал и
отидоа да му помогнат. Се вратија дел од нашите малку подоцна на часот и рекоа
дека е добар, ама со исеченици.
И сега ти си изнервиран оти ти
рекле дека си оваков и таков?
Не. Се изнервирав најмногу од тоа што едно девојче што ми се допаѓаше после
часови ми рече дека сум позлобен и од Хитлер. Првин, з’ш споредба со Хитлер?
Друго, и самата е свесна за тоа како овој ме замара и тоа еднаш ќе ме убиеше,
ако знаете и вие за тоа. И го кажав тоа, она пак по нејзино демек ја сум лошиот
а тој е добриот.
И сега ти си нервозен ради тоа
што девојчето си го сакал излегло дека е идиот?
А со овој што му се случило?
Како се исекол?
На излегување од школо дознав дека сакал да ми бутне стакла врз мене дур
сум одел накај едем клас кај шо имам другар таму. Арно не отидов денес оти се
видовме на одморот измеѓу 3ти и 4ти час. И он да намести убаво стаклата, се
сопнал, паднал врз нив и се испоисекол. Фала Богу е добар, ама искрено кој
морон мора да си да се сопнеш и утепаш на украдени стакла? А да! Некои
реновации со прозорите требаше да има за време бикенд, но бидејќи овој
генијалецов ги украде, сега ќе мора школото екстра 2 или 3 недели да чека за
нови.
Бог да чува и да брани. Нешто
друго се случи ли?
Не баш. Освен тоа што бев отеран у три пизде ради нешто што активно знам
колку не ми значи и не ме занима, вака убаво си поминав.
Да те прашам, штом ова вака
раскажано, зошто се преоптеретуваш со ова? Зарем мислиш крај на светот ќе биде
ако само се преоптеретуваш со мислењата на другите или тоа што прават другите? А исто така да те прашам, дали уопште другите дали
прашале за тебе, за мене, за мајка ти, за не знам кој?
Океј, каква врска има ова сега што го спомна?
Знаеш и ти од време на време да
кажеш нешто што, ама баш на никој не го интересира. Така да немој да се
нервираш за нешто што и ти знаеш да го направиш.
Ама финтата е кога јас ќе го кажам е важно.
Немој ти се молам. Ако нешто е
важно, сите ќе се соберат и ќе направат нешто. А вака, секој за себе си гледа.
Исто така, шо ако оваа што ти
се допаѓа. Глеаш каква излегла на крај. Го избрала него место тебе или некој
друг со памет. Бре, бре синко наш. Глеј си ја твојата работа. Има полоши работи
низ светот, сеа ќе се малтретираш со ова. Плус ќе си најдеш некоја исто
шлакната како тебе.
...
Знаете што? Ставајте шпагетите и да јадеме. Се чувствувам како да одземав
време на сите без врска.
Па
добро утро!
Добро јутро, пријатељи. Кафица је спремна.
Види го, нездрав. Од нос ќе ти
го извади попладнето па ќе се смее.
Па зарем денот е интересен ако не ти излезе нешто од нос?
Море
ќути и јади таму. И после ако си у
можност да одиме да ми помогнеш со носење со тоа за во дневна.
Океј тато.
Во право се моиве. Само се малтретирам со глупости. Поарно да седнам после
носењево да учам за утре да сум слободен со дечките да тепаме тоа една-две
партии и после цел викенд да уживам. И онака има јака забава у петок, што значи
релаксирано до тогаш...
Ѓорѓи „GioGio“ Илиев

No comments:
Post a Comment