Sunday, 3 October 2021

ЗАКЛЕТВА ПРОКЛЕТА

*Ханнја
Демон создаден од љубомора,
Од неисполнетата љубов
Кон саканиот.

Вистина
Тоа не е секогаш.       
Ханнја се создава
И поради загуба.

Разделбата
Создава гнев и тага,
Која не тера со животот
Да го продолжиме и покрај несреќите.

Крајот
Ќе биде одличен.
Многу подобар
Од самиот почеток.






Змејот
Најврховниот од сите,
Неговата сила и мудрост
Се неспоредливи.

Патот до светото
Е суров.
Хоангхо
Не е наменета за секој.

Избраниот
Постанува змеј,
Со мудрост и сила
Да ги води другите кон рајот.

Змејот
Најврховниот од сите.
Неговата сила и мудрост
Создадени од мака и страдање.




Бјако
Големиот бел тигар,
Ривал на змејот
Со неговата сила и отпорност.

Спротивноста нивна
Ривалството им го создава.
Едниот во небесното царство
Другиот во суровата шунгла.

Спасот негов
Со неговиот пријател,
Му одзема дел
Кој го плаќа многу сурово.

Светлината
Сепак не е исчезната.
Повоторно ќе се соединат
И ќе бидат во царството небесно.






Нишикигои
На времето беа тие,
Хоангхо
Одлучија да ја искачат.

Едниот од нив 
Се воздигна над другиот.
Стекна огромна сила и мудрост
И вечен живот.

Другиот се изгуби
Истурајќи крв околу него.
Небесното царство
Надвор од дофат.

Нишикигои
На времето беа тие,
Хоангхо
Ја одлучи нивната судбина.



Lord Slayer





*Ханнја - Маска која се користи во НО театрите (традиционална Јапонска танц-драма која потекнува од XIV век) и претставува љубоморен женски демон. Иако е демон, таа искажува емоции човекови: тага и истоштенство. Ако ја гледате маската директно, изгледа застрашивачки, но ако се наведнете, маската има промена на емоцијата, и изгледа како да е натажена и да плаче.

No comments:

Post a Comment

ГЛЕЈ СИ ЈА ТВОЈАТА РАБОТА

  Credit: Pixabay/CC0 Public Domain Људи! Људи! Вратио се Шиме! Аман бре синко, не извади од памет бре! Од такт не извади бре, синко! Зарем ...