Не завршив факултет
на време.
Без партнер, осамен.
Работа барам, али
тешко оди.
Пријателите ми ги
снемува,
Еден по еден.
Чувствувам тежок
товар,
Како бавно ме
гмечи.
Дали ми е судбината
сурова?
Да бидам заостанат?
Да не пробам залче
од животот?
Е сега си
дипломирав!
Си најдов преубав партнер!
И фантастична
работа!
Најмилите ми се
тука!
Товарот е тука,
Но не тежи како на
времето!
Не ѐ се убаво, но
не ѐ ни сурово!
Заостанати ми се
само неколку сметки!
И залчево е тешко
да се голта, но сепак е вкусно!
Како ти било
пишано,
Така ќе биде!
Не мора да се
брзаш,
За сѐ си има време...
Ѓорѓи „GioGio“ Илиев

No comments:
Post a Comment