Чесниот човек отсекогаш страдал,
Страда,
И ќе страда.
Чесно постапува кон сите,
Но животот понекогаш,
Мајтап голем знае да игра.
Чесниот човек си вика во себе,
„Да се откажам ли?“
„Страдањето е преголемо.“
Ама ние сме учени уште од почетокот,
Дека страдањето е дел од нас,
И дека нема бегање од тоа.
А зошто е тоа така?
Судбина ли е да сме малтретирани?
Да немаме слобода да се искажеме?
Апсолутно и позитивно НЕ!
На крајот од патот,
Страдањето ни е главната шричина,
За стекнатото искуство.
Ако некој или нешто,
Предизвикува неправда,
Ќе биде казнета,
А чесноста наградена.
Чесниот човек отсекогаш страдал,
Страда,
И ќе страда.
Ама најубавиот дел од тоа,
Е секогаш крајот.
Чесноста ќе ти биде наградена,
Дали од твоето дело,
Дали од Бога или близок твој.
Отказ давање,
НИКАКО!
Чесниот човек отсекогаш страдал,
Страда,
И ќе страда.
Не се откажувај,
Синко мој,
Бидејќи крајот е пред тебе.
Со тебе ќе сум,
Колку и да страдаш.
Секогаш ќе сум со тебе,
Дури и кога си шлакнат.
Засекогаш ќе сум со тебе,
Мил мој чесен ангелу.
Ѓорѓи “GioGio” Илиев

No comments:
Post a Comment