Monday, 3 July 2023

ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ, ВИСТИНСКОТО МЕСТО И ВИСТИНСКАТА ЛИЧНОСТ

 





Дојде петок многу побрзо отколку што сите си помисливме. Скоро цело училиште беше зафатено со тестови и испрашувања последниве неколку денови, што не обрнавме внимание на најважниот ден од неделата. Ама кога дојде, не знаеш колку сите се израдуваа. Ма се расфрлаа книги наоколу, клупи се разместуваа агресивно налево и надесно, вриштења се слушаа горе и долу, вратите беа трескани... Океј можеби преовеличувам со описов на нашата „конечна“ слобода, но така јас го памтам тој ден. Реалноста беше малце подруга. Само неколку секунди траеше лудоста, бидејќи ниту еден од нив не остана во училиштето подолго од 30 секунди откако ѕвончето го „означи“ крајот на учебната година. Мојот клас, ја имаше свечената несреќна позиција да биде клас кадешто имаше уште часови. Ние и уште еден клас бевме единствените што останавме последни во училиштето. Добрите вести беа што имавме блок часови физичко, така што на некој начин, се чуствувавме и ние ослободени на некој начин, ама сепак моравме да останаме таму. Барем децата беа радосни и трчаа наоколу ко луди: те некои кошарка, те некои фудбал, те некои одбојка.

Додека другите уживаа со топките надвор, јас си бев повлечен во просторијата за опрема. Онаа каде што професорите ги чуваат душеците, топките, тие справите за гимнастика. Не ми беше кажано да одам таму, ниту пак да земам резерва, туку едноставно не сакав да бидам дел од другите. Не се чувствував нешто најдобро тој ден. Немав некоја голема желба да постојам во тој даден момент, бидејќи неколку денови по ред само размислував за една моја неостварена љубов, која можеби ми ја уништи младината (барем така си мислев тогаш). Исто така времето потполно се совпадна со мојата емотивна состојба: зраците на сонцето делумно ја освлетуваа просторијата, беше топличко, надвор немаше многу галама, освен децата; а птиците си правеа муабет. Јас во тишина гледав де лево, де десно и си размислував за мојата болка.

Кога ја видов во рацете на друг, за мене животот заврши. Тие наши моменти што ги поминавме заедно, беа лага. Јас бев искрен со нејзе, ама таа не беше. Ме издаде за некој си сељак што незнае А да каже.

Тоа е кратката верзија за мојата тага. А долгата е колку две Библии. Што значи не сакам да малтретирам никого со мојата драматична, трагична и тажна историја со неостварената љубов. Покрај претходно опишаното, исто така може да се опише тој настан како некој лик од индиска серија, кога нешто сериозно ќе се случи и сцената после преминува од нормално во нешто од онаа серијана што беше на времето, „Зона сумрака“. Само што наместо чудни работи што се научна фантастика или не знам што, во овој случај сите можни ефекти од софтверот што го користеле за да ги обработат сцените, ги искористиле за неколку сцени што траат точно 30 секунди. Лудости!

И така јас си патував во просторијата, децата играа, а професорите си беа... „малку зафатени“. Среќа што нашите класови беа едни од подисциплираните во школото, такашто немањето професори во салата и на терените не беше проблем.

Колку време помина, не сум сигурен точно. 20? 30 минути поминаа откако заѕвони ѕвончето? Ама моите мисли не дозволија да забележам дека времето си тече и дека треба уште малку да се спремам за во соблекувална. Бев опседнат со негативни мисли кон себе. Дека не вредеам, дека моето постоење е грешка, дека нема никогаш да најдам љубов повторно, и секакви разни глупости што ме мрзи да ги набројам во моментов.

Ова го напоменав зошто не обрнав внимание дека децата почнаа да влегуваат еден по друг и да враќаат работите што ги зеле за игра. Фала Богу, јас си бев скриен и не ме забележаа.

За жал, морам да ја известам публиката дека последната реченица од последната мисла е лага. Бев забележан. И тоа како.

Скоро ќе се утепаше за да се пикне да види кој се крие измеѓу душеците и разните глупости што беа наоколу. Се исплашив кога видов дека сум пронајден. Не почнав да врескам, ама за малку ќе се претворев во оперски пеач. Неколку секунди ми требаа за да се вратам во реалноста во која се наоѓаме сите ние. Кога видов што е и како е, се загледав убаво и просто речено, бев збунет од глетката. Зошто баш од сите луѓе во салава, девојче баш да ме пронајде во моето тајно место. Ја гледав дека нешто зборува, ама ништо не ја разбрав (очите се отворија, ама моите уши сеуште беа присутни во моите мисли). Само климнав неколкупати да потврдам дека сум жив и дека ТОТАЛНО не сум се изгубил некаде со паметот.

- „Зошто не ми одговори на време туку почна да климаш со главата?“

- „Еееее. Па сега види вака. Се изгубив.“

- „Си се... Изгубил?“

- „Па да. Се изгубив така нагло и ти сега ме извади од памет.“

- „Часот заврши, а ти овде седиш. Сакаш да те затворат и овде да седиш до Септември?

- „Е шо му фалит ако сум тука затворен?“

- „ „Шо му фалит“ е дека ќе се угушиш овде и ќе умреш!“

- „Е ДА БЕ! Ја да умрам овде. Ја умрев откако ја видов онаа што ме заеба за цел живот. Така да овде да ме најдевте мртов ќе беше таман.“

Некако и дојде преку глава и ме излечка надвор. И реков дека треба да се пресоблечам, па продолжи кон машката соблекувална. Немаше народ наоколу, па само јас и она бевме таму. Како постара сестра ме гледаше како се пресоблекувам и мислеше дека ќе и избегам ако не беше таму да набљудува. Инаку девојчево беше ко претседател на нејзиниот клас и на собирот на средношколци. Затоа она беше малку како чудак кој бараше почит и дисциплина од другите. Строг тип.

И така, пак за рака. Се влечевме кон автобуската, она нервозна, јас сеуште збунет, луѓе не гледаат, мачки спијат. Стигнавме и продолживме со муабетот од школо...

И кажав за случката со мојата бивша и како ме имаше повредено и зошто така се чувствував. Ми ја крена главата и ЕДНА ЗАУШКА МУ УДРИ!!! БРАТ!!! ЌЕ МИ ОТИДЕШЕ ГЛАВАТА!!!

- „За една невредна што и таа самата не знае А да каже, ќе си се уништуваш самиот себеси со вакви глупи мисли? Ма иди у бестрага. И немој да си се извинил ако си ме изневирал! Очи да не ти ископам. Најмонгу што мразам е извинување за нешто што ни си крив, ни должен, ниту пак дека си направил нешто глупо.“

Некако оваа агресија ме насмеа. И тоа слатко се изнасмеав. Како оваа особа што пред малку ќе ме отераше у 3 пизде лепе материне со шамарот, сега ме смее и ми мисли добро. Не можеше ни она да се воздржи, па и она се придружи на моето смеење. Од смеење продолживме со други теми: книги, игри, држави, јазици, малку љубовни теми, после што беше? Автомобили. И толку убаво си муабетевме, што се симнавме на погрешна станица. Кога свативме дека не сме дома, ами пред Сити Мол, рековме да им јавиме на нашиве да не се грижат премногу, дека сме со другар пред ова местово на пијачка. Арно поминавме. Не само што на погрешна станица се симнавме, туку и корневме. Ко да сме излегле од контејнер бевем и двајцата... А ЈАС НЕ НИ ВЕЖБАВ. Ова топлово е хаос.

Земавме пијачка, се оладивме, поседовме малце и си се догворивме за наредна недела пак да се видиме. Атмосферата беше малку романтична, како да сакаме да направиме нешто, но биејќи едноставно сакав да се забавувам и да се чувствувам жив, не направивме ништо роантично. Се испокаравме на крај за нешто, се опцувме и се договоривме за наредна недела да се видиме пак.

17 години подоцна, сега сме заедно. Сеуште се караме и тепаме. Ама и си се сакаме.

Што можам да кажам за крај освен да и се заблагодарам на мојата „бивша“ што ме растажи и на просторијата за опрема што ме криеше од другите и дозволи само избраната личност да дојде и да ме извади од тагата која ме држеше зарворен во себе одреден период.

А сега простете, но морам да одам да се избањам, оти топлово е навистина хаос...

 

 

Ѓорѓи „GioGio“ Илиев

No comments:

Post a Comment

PREMIER LEAGUE 2025/2026 DECEMBER REPORT

  After long and exhausting 12 months of many ups and many, many downs, we’ve reached the end of 2025 and next stop is 2026. The year hasn’t...