Не можеме да го избегнеме
Судбина е да се сретнеме со него
Иако предвреме не известува
За неговото доаѓање
Ние очајно се браниме.
Прво ќе ги испрати неговите војници
Кои жедни за крв, кои за бодење
Среќа наша, со тоа може да се соочиме
Не е тешка битка.
Но пламените што следат подоцна
Вистинското мачење тогаш почнува
Инстантно цркнуваме
Борјеќи се за живот наместо со "тоа нешто".
Уште полошо станува кога пламенот после оладува
Сакајќи да не залаже
Дека се "предал"
Но напротив, се спрема за нешто посурово.
Не е ова поезија за пеколот
Туку летото.
Зарем не ви е чудно како една недела е пекол топло
Па наредната свежо?
Ѓорѓи „GioGio“ Илиев

No comments:
Post a Comment