Бизарен и чудесен свет,
Со бесконечни можности,
Каде што ти можеш да правиш,
Што ќе ти посака душата.
Самото царство, мало,
Функциите, бесконечни.
Чудата, големи,
А визијата е нивната порта.
Влезот пред ова царство,
Понекогаш лесно,
Некогаш тешко,
Секогаш во боја.
Од големи авантури,
Со победи над злото,
До спектакуларни финалиња,
Помеѓу два тима.
Модификација?
Да, слободно.
Модификација на се и сешто,
Од старо до ново.
Ова големо царство,
Кое и денденес постои,
Создадено со командата:
Load "*",8,1.
Johannes Bjerregaard - DMC Demo IV (tune 2) | Song 1
Ѓорѓи „GioGio“ Илиев


No comments:
Post a Comment