Во тој момент, темнината која ги опкружуваше од почеток до крај, одеднаш
исчезна. Суровоста која ги демнеше цело време, беше елиминирана со еден нежен
потег, кој беше полн со топлина, милина среќа и надеж. Рацете кои се
појавија... Не... Тој што се појави, во себе имаше добрина. Добрина која го
красеше човека со доверба, љубов и надеж за излез од суровоста.
ДОБРО ЈУТРО И ДОБРОДОШЛИ У ЈОШ ЈЕДНУ ЕПИЗОДУ НА: ЖИВОТ ЈЕ СРАЊЕ У ГУСТО
ГРАЊЕ!!!
Бидејќи е срање да бидам искрен. Но не како претходниот ден. Сите беа
соочени да го поминат денот или дома или скриени од невремето. Ветришта, грмежи
и дождови. Хаос невиден беше. Ајт сеа тие што си имаат домови, ќе испозатворат
прозори, врати. Лесна работа. Но тие што се на улица, или животинчињата, тешко
нив. Да бараат засолиште да се скријат и да се надеваат дека се ќе заврши
порано. Не е лесно да се живее на уица. Игли, стакла, ѓубре, и секакви различни
глупости ја отежнуваат работата на секој.
Особено за една мачка, која се имаше скриено во еден контењер за да го помине
невремето во некое побезбедно место. Не беше сама, со себе имаше и малечки. Пет
малечки бебиња која таа ги имаше скриено на побезбедно место во контењерот, за
белјата да не ги најде нив. После целиот хаос што го снајде градот, излезе од
местото и разгледа наоколу да види дали е безбедно за бебињата да излезат.
После неколку минути разгледување, застана во позиција која означуваше „осигурено е местото“, и нејзините едно по едно почнаа да излегуваат
од контењерот. Едното бело, но пуфлесто; другото портокалево со крзно кое беше
помеѓу кратко и долго, третото бело-портокалево, и на крај, четвртото беше
сиво. Едно по едно ги мирисаше и чистеше. Но одеднаш, и дојде чудно зошто
излегле четири наместо пет мачиња. Брзо се врати назад во контењерот да си го најде
петтото детенце. Душкаше и гледаше наоколу, и најпосле си го најде. Само што
имаше еден проблем.
Го најде задушено. Збутано во џбунот
кога се скрила фамилијата за време на поројот, немало место за движење и воздух
да земе, па со тоа и си умррло после некое време. Плачењата на мајката и
обидите да го врати назад малечкото беа неуспешни. Помина долго време, со
неуспешни напори. Останатите четири беа во близина на безбедно и гледаа што се
случува пред нив. На крајот, мајка та го бакна за последен пат своето ангелче
пред да замине со останатите. Една невина душа, го напушти светот, на жален, но
несуров начин.
Целиот ден после го поминаа барајќи ново, побезбедно
место за престојување. На крајот, дојде ноќта, а фамилијата најде едно убаво
место за престој во една населба. Во локално паркче се смести ја, каде што беше
полно со деца. Мајката седна, а бебињата почнаа да се закачкаат меѓу себе.
Едното бебе, му дојде преку глава од закачките и отиде малце подалеку. Во
меѓувреме, дојде еден дечко и остави ќеса пред мачките полна со храна. Гладни,
душичките веднаш отидоа да јадат. Мајката отпосле дојде да јаде.
Поминаа неколку минути од вечерата, а мачето кое не ручкаше со другите,
дојде пред празната ќеса. Но после тоа, најлошото се случи.
Сестричките ги најде во близина негова, со пена на устите
нивни. Јадењето што предмалку го јаделе било затруено. Уплашено скокна и се
постави во дефанзивна поза. Панично почна да гледа наоколу, и на негова десна
страна, виде еден дечко со уште двајца до него. Се смееја нехумано. И покажуваа
кон мртвите маченца. Истиот дечко што ја остави храната беше, ама со отров во
нејзе. Тој и неговите пријатели до него почнаа бавно да се доближуваат до
преживеаното со ножеви.
Одма како молња почна да бега. Низ тенси улички, бегаше
со сета своја сила. Чекорите на гонителите се доближуваа и нивните желби за
невина крв се зголемуваше.
Бегајќи, се судри со друга мачка. Судирот беше добар,
бидејќи налета на мајка си. Но, и она како нејзините, отруена, но сеуште
движна. Не само што беше отруена, туку и повредена. Откако завршиле со јадење,
и нејзините почнале да умираат, почнала да мјаука за помош, но била сретната
со камења, фрлани од ѕверовите. Од страв да не си го изгуби и последното,
брзински пребегала да го бара. А сега, таа и пуфлестото бело се единствените
што ќе останат од шест-члената фамилија, која цел ден е прогонувана од смртта
темна. Мајката почна да се движи, а тоа по нејзе. Не премногу далеку од
паркчето, мајката ја изгуби снагата и легна под една грмушка, во уште полоша
состојба. Златното нејзино се доближи и почна да ја лиже, викајќи и „да
продолжи. Да не се откаже, бидејќи е најсилна.“ Но таа, со предпоследните
сили, си го гушна бебето, во обид да го заштити од прогонувачите, КОИ ШТОТОКУ
ГИ ПОМИНАА И НЕ ГИ ЗАБЕЛЕЖАА. Грмушката ги спаси од демоните. Ама само еден ќе
преживее.
Одеднаш, дојде човек. Да се рече човече што изгледаше скромно и зрело ги
забележа мајката и синчето. Ги стегна тупаниците кога ги виде во каква
ситуација се. Клекна за да ги земе, но и самиот знаеше дека нема да ги спаси.
Не изусти зборови, ама лееше солзи.
Мајката, која го погледна овој џин, забележа топлина од
него. Топлина и милина. Среќа и надеж. Ги рашири рацете и го ослободи синчето
нејзино. Тоа пак, кај мајка си, да плаче и да лиже. Со последни напори, беше
бутнато кај човекот. Целта и беше да си го спаси детето. Тој човек пред нејзе,
беше доверлив за нејзе и нејзиото чедо. Во тој момент, темнината која ги
опкружуваше од почеток до крај, одеднаш исчезна. Суровоста која ги демнеше
цело време, беше елиминирана со еден нежен потег, кој беше полн со топлина,
милина среќа и надеж. Рацете кои се појавија... Не... Тој што се појави, во
себе имаше добрина. Добрина која го красеше човека со доверба, љубов и надеж за
излез од суровоста.
Човекот за возврат, и ја разбра пораката на мајката.
Го зема мачето со себе од темните и сурови улици, и му
даде втора шанса за живот.
До ден денес, мачето му се заблагодарува на џинот што го спаси од смртта со многу љубов, радост, и искинати столчња и чорапи.
„Мајката изгуби многу“ е нешто што би рекле многумина во
овој случај. Ама поентата е: Не изгуби. Таа се жртвуваше за да си ги спаси
децата нејзини. Едното одземено несурово, другите три одземени на бездушен
начин. Последната желба и беше последното да преживее и да си живее мирен и убав
живот. Таа желба и се исполни.
Низ голема мака поминаа сите. Ама на крајот, тие од горе,
дур јадат нафората незабележливо и си „играат“ со сите, тие истотака си го гледаат нивното братче,
нејзиното синче. Горди и радосни за неговата победа против смртта, а благодарни на
човекот што го спаси.
Суровоста и смртта не значат ништо за мајката. Секогаш ќе
е спремна да го даде животот свој за нејзиното дете.
Ѓорѓи „GioGio“ Илиев
No comments:
Post a Comment