Млад и инспириран од иконите,
Одлучи нивниот пат да го наследи.
Од никој и ништо,
Се претвори во легенда над легендите.
Светлото на смртта,
Предизвик нов му даде.
Ја бркаше до домот нејзин,
И ја собори безмилосно.
Кралот на Подземјето,
Стана мојот братучед.
Прогонет јас, од мојот град,
Осуден вечно како крадец и предавник.
Оставив љубов, невина и неисполнета,
Но одлучен да не ја изгубам.
Предавник смртен, јас сум,
Во новиот живот, ми одземаа повторно се.
Одмазда за украденото,
Беше со мене од самиот старт.
Ги соборив во нивната игра,
И станав Најбараниот.
Бегството сурово,
Ме врати на самиот почеток.
Дома,
Местото каде приказната започна.
Променет целосно,
Животот што го познавав.
Грешниците, соборени,
Нивната територија, моја.
Љубовта изгубена,
Повторно најдена.
Крал на Јаглеродот,
Е мојата титула сега.
Брачеда ми и јас,
Најбараните Подземни Јаглероди сме.
„Некој ќе биде подобар од тебе“,
Се уште чекаме тоа да ни се случи...
Ѓорѓи „GioGio“ Илиев

No comments:
Post a Comment