Sunday, 13 March 2022

БЕЗКОНЕЧНИОТ ОГНЕН КРУГ

 

Friedrich Justin Bertuch, 1806


- „Готово е! Се откажувам! Ова е немогуђе! Домашново е хаос! Ни разбирам што се бара, ни што да се прави. Така да, нек иде кај шо не треба; а ја да си одам да си ужувам надвор да се прошуњам наоколу воздух да ме фати.“

***

- „Значи да земеме сокче по пат? Океј, мама! Ајмо дедо ја и ти сеа до она Вероно да одиме и после некаде да седнеме како шо рече.“

- „Е де внучко, не ме брзај! Не сум ја па ко тебе па да можам на брзина да се облечам. Уште патикиве да ги облечам и излегуваме.“

- „Ама времево е убаво! Мислам види какво е сончево и пријатно.“

- „Ако се брзаме, нема да направиме ништо. Ниту да купиме што треба, ниту да уживаме во времето. Еве сум готов. Ајде одиме!“

***

- „Колку гужва имаше, бре! Не ни дадоа да помнеме, иако само млеково го имавме.“

- „То ти е кад си со ненормални у градов.“

- „ Што убаво топли сонцево. А иначе сакав да те прашам, зошто дома така здиви одеднаш? Нешто да не ти се случи?“

- „Домашно што ни го зададе наставничката не можам да го напишам. Нешто за некое си митолошко суштество... Ем... Феникс се вика и треба нешто да најдеме за него од пронајденото, некоја си приказна да напишеме и да ги има темите за феникс. Али не знам шо треба и како да започнам со приказната.“

- „А знаеш што е феникс?“

- „Феникс е птица која била огнена, машка и дека после неговата смрт, се раѓал нов феникс.“

- „Точно така, внучко мој!“

- „И сегај ај ти напрај приказна според ова. Море наставничкава наша е ужас.“

- „Сигурен си дека е тешко според ова приказна да се направи?“

- „Што сакаш да речеш, дедо?“

 

***

„Слушај внимателно сега. Многу одамна, еден феникс, прав и убав како тебе, да се каже бил зелен и... шлакнат. Полн со млада енергија, дните си ги минувал во правејќи секакви глупости. Мислам, птицава била млада. И поради тоа, во доста неубави ситуации влегол. Една од тие ситуации е целиот завршил исфрлен оти како мал дур играл со топка, налетал во бршлени и целиот ЖАР ЦРВЕН!!! Со денов ида се чеша ли чеша, сирот тој. Ама, тоа е една од неговите будалаштини како младич.

И така, дур не созреа тој, само си играше насекаде. Но, со неговите игри, тој ги красеше околините во кој неговите крилја ќе слетаа. Сите му се зачудуваа на делата што тој ги создаваше со игрите. Уште поголема му беше неговата креативност во искажување на движењата што тој ги правеше. Секакви дела тој создаваше. Ама најубавото дело до прва ги чекаше.

Како созреана особа, и тоа едвај созреана, сеуште зелен во тоа главата, тој со неговите пламени крилја почна да создава игри што цел негов вид се чудеа и имаа тешкотија да ја искажат нивната задоволност за тоа тие што гледаат пред нивните очи. Игрите на... Па поубаво би го нарекол сега Крал Феникс, и со убава причина: Созреа предвреме, но не остаре предвреме. За разлика од другите од неговиот вид. Инаку, игрите на фениксот беа како... Танц на боговите. Самиот Крал Феникс како да покажуваше што е да се живее и да се биде во контакт со убавината на самиот живот. Сите мислеа дека овој нема никогаш да згасне и дека засекогаш неговите пламени ќе горати дека ќе го топлат домот нивен.

И сега очекуваш нeшто да се случи во приказнава. И во право си со тоа очекување.

На крајот, Крал Феникс предвреме умре. На третиот месец од годината. Кога дознаа за ова, цела негова рода почна огнени реки да лее. На никој не му се веруваше дека оваа златна душа ги напушти. Тагуваа по неговата смрт. Не сакаа да ја прифатат, бидејќи имаа чувстсво дека неговата нова форма НИКОГАШ нема да ја надмине оваа уникатна што ја познаваа и сакаа со години.

На дванаесетиот месец од годината, од пепелта се роди нов феникс. Оваа верзија на починатиот крал беше жестока, агресивна и комплетно спремна да се соочи со предизвици што може да наштетат на еден феникс. Различен во пристапот на игрите и неговата креативност, но ист во неговата глава: млада душа која сака да си се искаже со НЕГОВИОТ стил и да ги надмине претходните граници и да стигне нови места кои што тој не ги стигнал претходно...“

***

- „OH MY БОЖЕ!!! Од кај ти текна ова бре!?!?!? Како овака... Не разумем!“

- „Креативност, внучко. Креативност ти треба. Зар ли се зима пауза за да се тргнеш од работата, или за да ти даде мотивација да ја завршиш на друг начин?“

- „Еј у право си! Море ми даде идеа за што да напишам сега за во понеделник. Фала ти многу дедо!“

- „Нема што фала. Зај дека секогаш ќе бидам тука, дур сум жив, да ти помогнам. Па дури и кога ќе ме снема ќе ти помагам.“

- „ПРЕГРИЗИ ЈАЗИК И ПОМЕСТИ СЕ! ОДМА!“

- „Па после да неможам ниту да зборувам, ниту да јадам? Ако не, двајцата да си ги гризнеме јазиците и да се вратиме дома, оти мајка ти ќе не утепа што волку долго сме останале надвор.“

- „Епа добор тогаш. せーの (Se ̄ no = Aј-мо)“

- „Ах внучко мој. Ти и твоите јазици...“





Lord Slayer

No comments:

Post a Comment

PREMIER LEAGUE 2025/2026 DECEMBER REPORT

  After long and exhausting 12 months of many ups and many, many downs, we’ve reached the end of 2025 and next stop is 2026. The year hasn’t...