Дните ги минав, живејќи го животот.
Браќата и сестрите ги сакав премногу,
Но мама и тато, најмногу.
Голем бев, полн со незадоволство и револт.
Дните ги минав, бунтувајќи го животот.
Браќата и сестрите ги одбегнував гордо
Но мама и тато, најгордо.
Возрасен бев, полн со тага и меланхолија.
Дните ги минав, тагувајќи по животот.
Браќата и сестрите ми недостигаа повеќе,
Но мама ит тато, највеќе.
Зошто животот ова го прави?
Поради кои причини шири тага?
Зар треба тоа нешто да значи?
И тоа како значење има.
Во секоја етапа од мојот живот,
Јас бев изгубен германец,
Незнаејќи каде да продолжам.
Радоста, револтот, тагата,
Што животот ми ги даде во рака
Беа мапата за мојот пат.
Созреан сум, полн со мудрост и искуство.
Дните ги минав, уживајќи во животот.
Браќата и сестрите си ги ценам многу,
Но мама и тато, најмногу.
Моето минато што го живеев,
Полно со тага, револт и радост,
Го прикажувам на моето чедо сега.
Загрижените очи негови ме погледнаа,
Полни со сомнеж и несигурност.
На тој поглед, тивко и чисто реков:
„Не запирај! Само движи се.“
Lord Slayer
No comments:
Post a Comment