Saturday, 18 December 2021

ПРЕДСВЕСНИК


 

13:00

Локација: Тајна

Цел: Да се неутрализира опозицијата пред да го уништат градот. Во случај да се активира екслозивната направа, да се деактивира ОБАВЕЗНО!!!

 

 

Само што пристигнаве со тимот во некој си чуден и непознат град. Целиот покриен со пепел и темнина. Од што ни беше кажано, пред да се случи оваа војна, градов бил рај за човештвото. Од зеленилото што си било создадено, па се до индустријализираниот дел. Си имало за секој што да си прави. Но ние за жал тоа не го видовме. Во чистилиштето сме, и гласовите на загинатите не повикуваат да им се придружиме.

Дали ќе им се придружиме? Не сум сигурен. Дали ќе се вратиме живи? Ни за тоа не сум сигурен. А дали ќе ја извршиме задачата? Од кај кур да знам!

Во моментов што знам е дека местово е срање у густо грање и треба да убрзаме со движењето.

Групата наша се состои од 5 члена: Давид, кој ни е најдобриот пушкач, и секад е со неговиот М16. Иван, кој ни е борбениот лекар и секад е со негоиот Winchester 1887, кој сам си го модифицираше да може и до околу 65 метри да утепа некого. И исто така одма не лечи за да се вратиме назад во битка ако нешто би ни се случило. Маријан и Марија, нашите инжињери. Ставаат мини наоколу, ни поправаат оклопот ако ни е оштетен, и како мафијата од Чикаго, со нивните Tommy Guns/Thompson 1928 лом прават се. И тука сум јас. Евгениј. Од срање снајперист, до најглавната ѕвезда во групата, и војската. Моето чедо, Remington MSR, никогаш ми се немало спротиставено. Кај и да се наоѓа метата, камуфлирана или не, ќе си го добие.

И така, слетавме. Тргнавме кон местото каде треба да завршиме работата. Ама, само што не остави пилотот, одлетувајќи, со ракета го утепаа. Превозот за дома ни го снема, а исто така и контакт неможевме да воспоставиме.

Готови сме... Али надежта последна умира...

 

14:00

Локација: Тајна

Цел: Да се преживее

 

 

Полека, но и исто така брзо, стигнавме до нашата цел. И бевме топло пречекани од говедата кои не поебаа и ни го уништија нашиот превоз. Али најмонгу им ебам мамицата за војната што нивниот куртон од лидер им ја започна. Два роботи, инжињер и пушкачи го чуваа комплексот. Инжињерот со бомбата беше. Двобојот наликуваше ко некоја си видео игра, каде двата тима имаат по 5 играчи, и се тепаат на некоја си мапа.

Али немавме време да се пошалиме за ситуацијата. Давид нареди да се разделиме. Он на десната страна, близнаците во центарот, јас на левата страна, а Иван да не повлече за кратко време, да не излечи ако сме тешко ранети.

Разделбата заврши и двобојот почна.

Единствен проблем беше што... Маријан и Марија одма беа убиени. Роботите со ЕБАНИ гатлинг ги распарчија. Немавме можност да видиме како успеа се тоа да се деси.

За одмазда, усеав трчајќи и лизгајќи се да ги „деактивирам“ машините. Едниот у глава упуцан, а другиот со нож у грклан.

Вториот дур го бодев, еден од пушкачите на изродиве беше ептен до мене. Ме виде и извади секирата да ме пресече. Но, фала му на Бога, Давид во последен момент му го опра мозокот.

Али тоа се последните добри вести. Другото оди во долна насока.

Давид беше тешко ранет во двобој со инжињерот. Иван со димна бомба се сокри за да може да го повлече Давид за брзо лечење.

Ја неможев да ги најдам оти последните преживеани еа тивки со нивните оружја. Не успеав да видам кај одат шо оти дур напаѓав, немав време да фрлам фокус кон нив двајца. Одлучив да се сокријам и да нишанам кон Иван и Давид.

Проблемот е што, дур да се наместам, дур да сватам што е како е, они беа мртви.

Јас останав последен. Бев готов. Безнадежен. Немав други опции. Останав без моите колеги. Го напуштија светов и им се придружија на граѓаните на овој темен град.

Дур размислував за отказ од животот, забележав две работи: Чекорите на пушкачот и инжињерот стануваа се погласни, а метата нивна за да ја дигнат во воздух беше каде што јас се наоѓав во моментов. Некој си маркет.

Ми дојде идеа. Ќе се „Самоубијам“.

Фрлив диман бомба. Кога видоа дека ја фрлам, се фрлија и они во чадот. Сега никој не знае кој каде е.

Им ги слушнав „апаратите за сечење“ месо. Едното беше ноже, другото секира. Од оној што го убив претходно. И јас се придружив во тоа.

„Слухот може да ме спаси“ си помислив.

Седев малце и слушнав дека беа во близина. Со еден замав, почуствував крв и нешто тешко.

Кога димот се стиви, ги видов телата. Тоа мало трпение ме спаси.

Само што јас сум сега осамен.

 

 

 

 

Х време

Локација: Тајна

Цел: Прифаќање на смртта

 

 

Осамен, без контакт, без пријатели. Веќе не знам ни што правам овде. Во овој суров, пуст, оцрнет и срање град. Ги слушам гласовите на мртвите. На невините, на моите пријатели, на непријателите. Сите ми викаат да прекинам и да им се придружам. Не можам тоа да го направам. Знаејќи какви зли суштества постојат во светов, неможам да се откажам. Ако нешто научив од оној двобој, е дека оваа војна ќе биде изгубена ако безбедно се бориш. Волјата за подобро утре, за победа, е нешто што сакам да го искажам. А не да бидам у позадина, како некој си подржувач на некој морон кој се плаши да даде живот за тој што го сака најмногу на светот.

Ако некој го најде овој запис, ја не сум помеѓу вас веќе. Јас сум помеѓу тие што ги прогонуваат грешниците. Коклку и да сум ранет, не се откажувам. Непријателот го одзема мирот човеков. Пријателите им помогнаа. Лидерите се плашат од се и сешто.

Сите 3 групи ќе завршат во овој град. Ова место. Тука ќе им биде гробот. Па дури и тој што ќе ме круниса за херој...

Ненормалното е нормално, а „нормалното“ е ненормално...

 

 

 

 

Последните записи на Евгениј Недвед, надимак „Самурај“, кој беше пронајден мртов на 18ти Мај, 2025.

 

 

Нека неговиот гнев и омраза кон злото да не згасне.

Дур злото постои, тој да не брани со Михаил и Неговата војска.

Вечна ти слава, „Самурај“ Евгениј.

 

 

 

 







Lord Slayer


No comments:

Post a Comment

PREMIER LEAGUE 2025/2026 DECEMBER REPORT

  After long and exhausting 12 months of many ups and many, many downs, we’ve reached the end of 2025 and next stop is 2026. The year hasn’t...