Sunday, 12 March 2023

ДОЛГАТА И БОЛНАТА ЧЕТВРТИНА ОД МОЈОТ ЖИВОТ

 





Тешко е да го напуштиш тоа што ти е најмило,
Но ти успеа да го направиш тоа многу лесно.
Тага, солзи, болка,
Се дел од нас веќе подолго време.
Времетраењето на оваа четвртина е млада,
А нејзината историја е всушност многу стара.

Тага, солзи, болка,
Се дел од нас веќе подолго време.
Со реалноста мора да се соочиме,
Која сурово не раздели предвреме.

Не е лесно да се биде тука,
Со овој проклет душевен хендикеп.
Чувството на осаменост е постојано,
Придружено со безнадежност.
Барем верувам во тебе,
Дека сеуште си тука со нас.
И покрај оваа мака,
Не набљудуваш во секој даден момент.
Можеби се превртуваш од стол, 
кога ќе ни ја забележиш нашата смотаност.

Ама длабоко верувам во себе,
Дека не чуваш од светот.
И се надевам,
Не ни се лутиш за нашите мисли и дела,
Што ги правиме секојдневно.
И дека на крајот,
Ќе бидеме сите повторно заедно.
Творејќи, смеејќи, играјќи,
Како едно убаво големо семејство,
Кое постоеше пред моето време.









Ѓорѓи „GioGio“ Илиев

No comments:

Post a Comment

ГЛЕЈ СИ ЈА ТВОЈАТА РАБОТА

  Credit: Pixabay/CC0 Public Domain Људи! Људи! Вратио се Шиме! Аман бре синко, не извади од памет бре! Од такт не извади бре, синко! Зарем ...