Не можам да опишам колку тој многу ми значи. Сите наши авантури кои ги
имавме последниве три години, се најубавите години од нашите животи. Дојде кај
нас поради мене, додека јас и мојата сестра бевме во голема неволја. Штом мама
почина, ние брзо се сретнавме со еден куп проблеми. Од финансиски, немајќи пари
за основни потреби, па се до семејни, скратувајќи врски со блиски и далечни
роднини. Немавме начин како да го избегнеме овој темен облак што не следеше
подолго време. Беше толку ужасно, што почнавме и меѓу себе да не се
поднесуваме, да се караме, и да не се погледнуваме со денови.
Еден ден, дур бев излезена на прошетка, седнав на клупа за да земам здив.
Времето беше топло и сончево, со мали бели облачиња украсувајќи го синото небо.
Пилињата си вршеа разговори, децата си играа, а возачите комуницираа со нивниот
познат јазик: свирката. Додека овие моменти се одвиваа во позадината, јас само
ги слушав, не ги гледав. Со паметот си бев на друго место. Мислев на мама,
дада, и оваа несреќа што не снајде. Се прашував зошто бевме вака сурово
казнети. Зарем нешто направив јас? Зарем сестра ми направи нешто? Или така
требало да биде?
Поминаа околу два часа. На пат кон дома, поминав покрај една голема зграда.
Пред нејзиниот влез имаше група луѓе, а пред нив, еден дечко облечен како
бизнисмен, опкружен со две жени покрај него. Тој мал собир ми делуваше многу
чуден, бидејќи не беше некој штрајк или некој вид на напад, туку собрани души
со ветување од сопственикот дека ќе добијат работа ако одговорат точно на
даденото прашање. Се придружив и јас да видам дали ќе можам да одговорам точно.
Кога ни беше поставено прашањето „Како е надимакот на легендарниот Формула 1
возач, Ајртон Сена“, јас брзо одговорив со „Беко“.
Сите се свртеа кон мене, а јас се вцрвенев од срам. Толку многу погледи не
сум почуствувала уште од деновите кога бев средношколец. Но таа вцрвенета
неудобност брзо исчезна кога ми се доближи дечкото да ми ја поздрави ракат и да
се изјасни јасно и гласно дека јас ја добив работата. Собраните ми беа лути, а
јас изгубена. Немав можност да се изјаснам, ниту пак да прашам што се случи. Ме
однесе во неговата канцеларија и ме послужи ледено чајче. Јас како што си сакам
леден чај, не реков ништо, туку како мало детенце почнав да си пијам. Накратко
ми ја опиша ситуацијата со начинот на кој се обидувала неговата компанија да
вработи луѓе. Накратко кажано, сакале да вработат луѓе преку нов и уникатен
начин. Наместо интервју, едноставен прашалник преку кои луѓето одговарале на
прашања, дали за секјдневниот живот, за животни, спорт, храна. Од општа
култура. Но бидејќи јас одговорив уште пред да се комплетира прашањето целосно,
бев прифатена на лице место. А дечково има повеќе функции во компанијата, кои
една од нив е вработувањето нов персонал, а позицијата која тие ја барале е
организатор на документи и податоци. Ме праша после тоа дали имам искуство со
ваквиот вид на работа, т.е. дали имам искуство со софтвер што се занимава со
такви работи. Напоменав дека имам и дека имам завршено на факултет како
софтверски инжињер. И покрај тоа што додаде дека не требало диплома од факултет
за оваа работа, ме пофали и ми понуди да работам. И да напоменам исто така дека
кога ми ја спомна платата, јас за малку ќе се расплакав. 10.000 евра? Нормално
е дека немаше да речам не. И на крај прифатив. Тој радосно се поздрави со мене
(како прави бизнисмени да сме), ми кажа кога почнувам со работа и така, јас и
тој полека тргнавме кон излезот. Краток муабет си почнавме дур се движевме кон
излезот, за да се запознаеме поубаво. Додека зборувавме, спомна дека уште еден
треба да вработат на истото место за да ги надополнат празните места. Без многу
размислување, како што брзо одговорив на прашањето за Сена, така одговорив и на
ова. Сестра ми ја предложив. Без многу дилема и негирање, ми рече веднаш да ја
повикам. Ѝ се јавив и ѝ реков да се облече барем во нешто што не наликува како
да станала од спиење.
Ја чекавме околу петнаесетина минути, а во тоа време продолживме со
муабетот што го започнавме откако излеговме. Не се сеќавам многу на муабетот, бидејќи
во тој момент бев изгубена. Не можев да верувам која среќа не најде! И тоа
убава среќа беше. Згоден, елегантен, шармантен, и доста паметен. А ние две во
споредба со него: ЏУЏИЊА. Бидејќи сме родени близнаци, градбата на телата и
изгледот ни се идентични. Единствена разлика помеѓу нас се гласовите. Мојот е
помек и понежен, додека пак на сестра ми е погласен и поагресивен. Само така
може некој да не препознае кои сме и што сме.
Поминаа тие петнаесет минути, и се појави дада. Скоро испотена и уморна, се
претстави пред дечкото и нејзините способности.
Не можам да опишам колку тој беше радосен кога ја ислуша дада. Наместо
поздрав, не прегрна двете и ни кажа дека сме вработени во компанијата, и тој ќе
ни биде надзорник. Мислам сите бевме во тој момент како мали деца, полни со
радост и смеа. Не ни се веруваше што ни се случи во тој момент. Бевме во шок.
Дома сепак се вративме уморни. Целата таа возбуда беше премногу за нас, што не
можевме да седнеме и да прославиме. Ниту пак пивце и кашкавалче да си земеме да
си јадеме и пијеме. Покрај тоа бевме и на мало купување за јадење за наредниот
ден, да платиме сметки, да продолжиме договор со операторот, и после во салон,
иако бевме во неубава ситуација економски, барем имаме таму другарка која
секогаш ни дава попуст кога ни ги прави или ноктите, или косата.
Судбиносниот ден дојде. Нашиот нов почеток. Компанијата, јас, сестра ми,
лепотанот, и еден куп други вработени. Ова беше нешто како од Дизни филм. Само
што не го следев ниту срцето, ниту моите соништа, туку следев спорт како мала.
Почетоците беа малку тешки, поради тоа што се вработивме за време неред во
компанијата. Со буџетот имаа проблеми, па затоа малку беше тензично во
работното место. Ама и покрај тој неред, јас и дада си работевме чесно и
искрено. Се спријателивме скоро со сите од таму. Ама најблизок од сите ни беше
тој што не прими.
Скоро секој ден го поминувавме со него. На почетокот беше малку построг,
посериозен и попрофесионален со нас. Не учеше како треба да се вклопиме во
ритамот со другите, како да го употребуваме времето правилно, како да работиме
под ситуации кои бараат мултитаскинг. Барем софтверот што го користевме не беше
сложен. Малку поразличен од тој кои јас и дада го учевме на факултет, ама не
премногу.
Но после тоа, сите тројца станавме мускетари. Еден без друг не можевме.
Заедно работевме, заедно јадевме, заедно се смеевме, се дружевме, плачевме.
Океј можеби не плачевме, но сакам да кажам дека премногу се зближивме. Мислам
дека беше грешка што тој ни стана пријател наместо да ни остане надзорник. Се
заљубив во него.
Еден ден дур бев на пауза, отидов да земам сендвичи за нас. И во план ми
беше да го „позајмам“ накратко за да го прашам да излеземе на состанок. Веќе
бевме на ниво каде што шансите за љубов беа превисоки. На масата го донесов јадењето
и почекав малку. Помина некое време и отидов да ги побарам, бидејќи паузата
беше при крај. Ги немаше никаде. Си помислив дека се на најгорниот кат, на
балконот, па со лифт отидов до таму, нервирајќи се за тоа што уште немав
јадено. Кога ме донесе лифтот до таму и излегов да проверам, ме провери животот
во тој момент. Ги видов прегрнати. Мене срцето ми беше изгорено во тој момент.
Немав никаква сила да ги повикам да дојдат.
Полека си се повлеков и се вратив на мојот компјутер. Дојдоа тие после пет минути,
и ме прашаа зошто не сум земала трет сендвич. Јас им одговорив дека не бев
гладна (а ралноста е дека го јадев додека плачев. Се „преправав“ дека јадам, но
навистина плачев. Но и тоа морав да го прекинам за да не ме прашаат што е
проблемот). На крајот од денот, ми рекоа дека ќе одат нешто да купуваат, а јас
си отидов дома. Штом дојдов, продолжив со плачењето. Ја колнев сестра ми што ми
ја украде љубовта. Ја пцуев и колнев за тоа што не ми даде можност да му се
заблагодарам на дечкото за тоа што не вработи.
Но во одреден момент ми дојдоа сеќавања кога јас и таа се каравме како
ѕверови. Јас бев посурова од нејзе. Бев злобна кон нејзе. Можеби сум со нежен
глас, но срцето дефинитивно не. Се стишив. И така заспав. Во сон ми се појави
мама, со разочаран поглед на нејзиното лице. Ѝ реков дека ја сакам сестра ми,
но и тој него го сакам. Не знаев што да правам. Се доближи и ме прегрна,
велејќи дека треба да се ослободам од негативната енергија што е во мене. Само
така ќе можам да ги сакам и двајцата.
Три години подоцна, јас присуствував на нивната венчавка. Во рок од тие три
години, јас си најдов маж. Не бевме земени, ама се спремавме за тоа. Тој исто
така беше присутен, и жив радосен за дада и нејзиниот иден маж. И јас бев исто
така. Која сестра не би била среќна за венчавката на нејзината сродна крв?
Но и покрај сето тоа, првичните чувства кон зетот останаа исти. Тој за мене
е ангел, ни помогна во најтешкото, ни даде работа, не зближи со сестра ми и
целата наша фамилија, и успеа на соне да ми ја повика мама. Тој човек... Не
можам да опишам колку тој многу ми значи.
Ѓорѓи „GioGio“ Илиев