Кога дојде на овој свет,
Се почуствував како најсреќниот човек.
Како убав, бел и нежен цвет,
Ми го разубави овој очаен век.
Пиле мое, убаво,
Раните денови ги минувавме во хармонија,
Секој ден, нова авантура, нови откритија,
Цело време, тоа го правевме лабаво.
Под раката моја те носев,
Шетајќи се по дивината.
Сега веќе не си мало,
Па да можам да те штитам секогаш.
Веќе си зрело и умно,
И си имаш право на избор,
Искажувајќи го преку збор,
Но и преку твоите дела.
Не можам да те запрам,
Ама можам да те советувам.
Подоцна, со твоите убави крилја,
Кога и ти ќе станеш чувар на сопствената крв,
Ќе разбереш каква тешкотија и среќа е,
Да се грижиш за нејзе.
Секирацијата ќе ти трае бавно и мачно
А времето ќе си мине брзо, но лесно.
Ѓорѓи „GioGio“ Илиев
.png)
No comments:
Post a Comment