Saturday, 11 September 2021

СОСТАНОК

 

Фотографија на: Мохамед Нохаси



„Хеј! Извини шо доцнам вака. Многу гужва имаше по пат. Имаше некоја сообраќајка и имаше застој. А како се десило? Па сега види вака: Некој „генијалец“ си помислил дека е ФАНТАСТИЧНА идеа да се прескокне цел ред и да се вози по тротоар. И сеа пази! Поминува се ѓиво и диво ко демек е Луис Хамилтон, фаќа прво место, и на крај се мава со еден шо идеше од лева страна. Среќа Господ не ги зема кај Него, оти ќе беше ужас целата ситуација. Па поради инцидентот, застој, полиција, тепачка без пари, пцуења, па и некои го снимаа тоа. А тие па шо снимаа уше поголеми сељаци. Оф леле! Дај да седнам оти трчав до тука, ради онаа срање угорница таму. Сериозно! Како и коли и луѓе одат по тоа?“

 

Неколку чекори од него има клупа и седнува на нејзе. Става ранецот до него и вади храната: сендвич и сокче негазирано.

 

„Значи овака. Прво и оснвоно: Како си ми? Добра си ми? Дали се е океј? Оти кај мене на работа е ПЕКОЛ! У понеделникот, станав доцна и немав време ко нормален човек да се измијам и да јадам, па после на работа да одам. Морав ко ненормален да скокнам од кревет кога видов дека ќе задоцнам, со гол газ до ВЦ да се измочам, измијам и се облеков набрзина и ајт право шпринт до работа. И ако прашуваш, не. Не отидов на работа само по гаќи и маица. Ко нормален човек се облеков... На можеби нај ненормалниот начин што некој би го направил.
И сега стигнувам на работа, ко Димитрија Пантелић у тоа косата, и сите таму колеги фрлија поглед кон мене. Реков „добро утро“ и се тоа, фрлам ташна на маса, фаќам дневникот и ајт одам на час. А учениците ме чекаат, сите ко „Геновеви“ седнати. Доаѓам и викам „добро јутро“, а тие тивко ми вратија назад со истото. Седнав, и една од ученичкиве ме пита: „Професоре, денес тестот нема да го имаме? Да не ни го одложивте случајно?“

Зима од сокчето пие малку и мал гриз од сендвичот

„И погоди шо се десѝ следно... Поминавме цел час повторувајќи за тестот. И пцуев на секои 5 минути оти забраив се тоа дома. Ама важно убаво си поминавме. Останатиот дел од школото беше најнормален. Нишо посебно. Па и дома исто така. Дојдов, си напраив за јадење, јадев, измив садовите, повежбав, се избањав, го видов тој хентаи што го гледаме заедно, ми дојде лесно да душа и заспав како бебе.
У вторникот не правев ама баш ништо. Станав, јадев, и после излегов да се прошетам. Беше убаво времето. По пат видов едно маче. Го галев ко нездрав 20 минути, и тоа и мајка му која дојде после за да си го спаси малечкото. Потоа отдидов до Градски. Чув дека имале некоја „надворешна теретана“ изградено таму, па сакав да ја видам. Напраив шо напраив таму вежбите и 2 саати седев ко „Пичка Америчка“ оти ме здоболеа мускулите. Накај 1 станав и тргнав накај домче. И гледам некој деца со телефониве се глупираат со некои полу еротски пози, па се сликаат, па некои кратки натписи демек се некои и нешто, или пак, ќе сликаат тоа шо ќе пијат или ќе јадат. АБЕ НЕНОРМАЛНА ЕДНА! ШТО Е ФАНАТСТИЧНОТО У ЕДНО КАФЕ ИЛИ ЕДЕН СЕНДВИЧ? ГО КУПУЕШ И ГО ЈАДЕШ ИЛИ ПИЕШ!!!
А да не започнам и со дечките. Тие па со нивните мотори и пози демек „глејте телово колку ми е секси, бидејќи го користам за да можам да привлечам внимание бидејќи никој во мојот живот не ме сака и на овој начин само можам да имам пријатели и љубовни врски, како една локална машка ороспија“. Сеа коа ќе подразмислам, тоа последното важи за сите шо се такви, нели? Мислам и дека ти истото ќе го речеш. Бог да чува и да брани, ти и ги напаѓаш ради нивните срања. И поради тоа те сакам премногу!“

 

Пак конзумира сокчето и сендвичот, а сендвичот голем доста. Па и сокчето не е нешто мало. Во меѓувреме, некој проаѓа покрај него

 

„ООООО Сине! Како сте? Добар ли сте? Некој ве има повикано веќе?“

 

„Сине“ го гледа бледо и тивко си се повлекува. Повлекувајќи се, тивко си вика во себе „Ненормален е овој тука“. Па и искрено кажано, Бог да чува и да брани се околу него, оти до тој степен е откачен

 

„Ах бре луѓе бре! Знам дека сум откачен, ама да не се речело едно здраво? Како шо викаат муслиманите: ХАРАМ!
Иначе, да. Среда. Тестот се одржа, 40 минути ко SS ги надгледував „затвроениците“. Некои пишуваа нормално, некои ќе заглавеа и ќе размислуваа шо како иде, а трети пак, се сереа од страв на нешто што се паднало, а тие не го имале научено. И со сите 3 врсти на сирење се согласувам: и ја минав низ тој период. И тие ќе поминат. Нек не се грижат. Оти... Добро излезе се на крај. Ама интересниот дел ќе биде кога ќе им кажуем кој шо добил. То ће бити смешно.“

 

Завршува со сокот. Но сендвичот не, оти го оставил на отворено и сега ластовички го дојадуваат тоа што тој не го довршил

 

„ОЈ!!! Абе Поче-

 

Фрла поглед кон девојка си

 

„Не. Во право си. Нека си се најадат. И тие се гладни. И на нив им се јаде (или можда тебе ти се јаде). Инаку шо друго сакав да речам? О да! Четврток и петок немаве часови оти имавме забави за матурантите. Доста забавно беше. Прв пат да дивам млади да слушаат и да играат на рок, наместо на турбофолк. Уште позабавно беше со професорите: КАМЕН ПИЈАНИ БЕА!!! Ама не ги запре да играат со учениците, не на таков налин сега те молам, не е ова хентаи.“

 

И таман пред да заврши со муабетот, неколку капки паднаа

 

„Пичку матер. Нек иде времево у три пизде лепе материне. Изгледа ни заврши времето. Пред да заброавам, на татко ти му ги дадов тие сликите на кои работев, па сега со Господ напред да ги стават на галеријата со твоите таму. Се посрав работејќи на тоа. Кој би знаел дека сликарството е потешко од шо и да е друго на светот.“

 

Мала пауза

 

„Еве сега иде автобус. Да знаеш ќе дојдам пак наскоро да те видам. Те сакам!“

 

 

Сега поглед кон девојка му



                                  

             ЈЕЛЕНА СЕРАФИМОВИЋ
                          1997 - 2023
                
„ Ни ја обои темнината со светлина“

No comments:

Post a Comment

PREMIER LEAGUE 2025/2026 DECEMBER REPORT

  After long and exhausting 12 months of many ups and many, many downs, we’ve reached the end of 2025 and next stop is 2026. The year hasn’t...