![]() |
| Сликал: Paul DeVito (flickr.com) |
I.
Топло. Ептен топло последниве неколку денови. Човек да неможе да излезе надвор ни за да зграпчи свеж воздух. Животинчињата околу населбата едвај излегуваат преку ден. Сите се кријат и спијат. Истото тоа важи и за ветрот. И то спие. Го мрзи да се помрдне малку поради топлината. Комплетно го разбирам.
Лето. Сезонското време кое следи после пролетта. Зеленило насекаде, чисто сино небо, сонцето постојано не гледа, од утро до ноќе. Исто така од време на време знае да заврне, ама тоа не помага многу. Само го влошува балансот на температурата.
А заборавив да се напоменам и јас, кој штотуку станав од мојата дремка, и разгледував низ прозорецот за да опишам накратко што гледам пред мене. И така јас тука си стојам, гледам и си раскажувам во себе што гледам и што се случува. После ова, отидов да се освежам и да земам нешто да јадам пред да излезам за на работа.
Седејќи во кујната, јадам и пијам и си викам: „Што ли стана со мене? Каде ли ми отиде младината? Каде отиде среќата моја?“
И така јас си јадам и со моите мисли си летам... И не забележувам дека уште малку ќе треба да излезам. 18:00!!! А за на работа ми треба барем еден час да стигнам. И така јас, скокам од мојот стол, по гаќи облечен, и веднаш како молња отидов да се облечам. Униформата, капата, фенерот, пиштолот, сачмарката. Се е тука со мене.
И сега јас тргнав на работа за мојата ноќна смена...
![]() |
| Сликата припаѓа на: Joshua Woroniecki (pixabay.com) |
II.
Надвор од мојот стан и мојата зграда, тргам кон мојот мачлив пат до работа. По пат се среќавам со секакви комшии. Од млади, до стари, си се среќаваме.
Опкружен со секаков тип на човек и зграда во оваа моја населба, се чуствувам заробено. Не знам ни дали се движам напред или назад. Од една страна, стари куќи стојат непоправени, изронети и со пукнатини. Сепак стојат цврсто, и покрај нивното долготрајно слабеење. Истото важи и за поголемиот дел од соседите. Некои се во близина на 100ка, а други се до половина. Остарени души кои до одреден степен неможеш да ги најдеш во сегашноста. Одлучени да останат во минатото, да не продолжат напред со животот. Некако се наоѓам јас во нив. Не сум стар како нив, ама се чувствувам стар.
Од друга страна пак, згради, улици, паркови, зеленило, дечиња... Полно со младина. Покрај тоа, и продавниците си работат најнормално, услужувајќи ги муштериите на најубав можен начин. Еден куп млади парови ги гледам околу: те се спремаат да одат со мене кон градот, те некои си седнале наоколу си прават муабети и се смеат, а трети пак, ги мрзело да одат подалеку од тука и си седнале и тие да уживаат тука. А дечњата како мали ѓаволчиња. Трчкаат наоколу и си играат безбедно. И во оваа младина што е околу мене се пронаоѓам... Поконкретно кажано, си го гледам моето минато, кога јас бев млад. Полн со енергија, надеж, радост, љубов... Моите игри со другарите од основно, средно и факултет; моите девојки од средно... Ах, бре! Младино моја. Кај ли отиде? Зошто ме напушти?
За малку ќе се удрев во еден СТОП знак одејќи кон градот, бидејќи како изгубен случај гледав околу мене и се изгасив од животот за краток период. Да не ми речеше некое дете да пазам кај одам, ќе отидов со змучка на работа...
III.
Во центарот сум. Downtown како што би се рекло на англиски. Зграда до зграда, улиците полни со живот, светлата го осветлуваат центарот, и на секое место ќе најдеш човек. Од толпи, до мали групи на луѓе, градот е преполн со живот. Зеленилото и парковите го украсуваат и го поддржуваат овој факт.
Кафулињата и рестораните полни со млад живот. Барем поголемиот дел се млади. Разговорите се главна тема, а разговорите нивна шема. Оваа чудна рима смисла нема.
И така јас пак со мојот памет во мој свет, се движев и си се навратив на денот на мојата матура. 10 години поминаа од тој ден. Или ноќ. Не е битно тоа. Јадења, пиења, музика, друштво. Се беше со мене таа ноќ. После тоа матурските испити, па факултет... И еве сум сега тука.
Работам како чувар на градскиот музеј, добра плата, океј колеги. Но сепак срцето и душата ми плачат за друго.
Излегувајќи надвор од толпата и одејќи преку градскиот парк, ме удри една многу тешка болка. Уличните светла, свежата атмосфера и љубовта околу мене ме навратија на денот кога раскинав со бившата. И тоа баш после испитите. Во парков бевме излезени да прославиме крај на нашиот средношколски живот. А што прославивме всушност? Нашиот крај. А причината за нашата разделба беше од причино што најубаво може да се опишат со следнава реченица: Отиде да студира надвор.
Со денови тагував по изгубената љубов. Не беше ова како претходните женски што ги имав. Ова навистина ме погоди во срце. Одземена од мене поради нејзините соништа.
Истото се случи и со моите пријатели и дел од луѓето што ги познавам. Се разделивме и секој по неговиот пат си отиде. Скоро сите се заборавивме и станвме „возрасни“ на некој начин, ама „возрасни“ во смисла дека ептен сме станале зрели или што знам. Секој одговорен за својот живот, со минимално време за релаксација, работа, сметки, професионални или лични врски со колеги или колешки.
А можеби и ние така сме си помислиле да станеме. Да покажеме колку сме зрели за да имаме личен живот.
Ако тоа е проблемот за вака јас да се чувствувам, можеби ќе биде најубаво и да не размислувам така веќе. Туку да си живеам како младо момче со работа и слободно време после тоа за мене. Среќата и љубовта ќе си дојдат со тек на време...
IV.
Да напоменам дека сачмарката ја носам поради зголемена активност на криминална група во државата. Па затоа ја носам и сите во мене гледаат како да ќе одам да стрелам некое школо...
Ѓорѓи „GioGio“ Илиев
Линкови за сликите по редослед:
- https://www.flickr.com/photos/187650145@N04/50205464148/in/photostream/
- https://pixabay.com/photos/skyline-sunset-city-cityscape-5229452/
- https://www.dreamstime.com/city-park-bydgoszcz-poland-sunset-end-summer-image160121563#_


