Thursday, 23 June 2022

ЈЕБИГА! НЕМАМ НАСЛОВ ЗА ОВА

 

Некој си Југословенски компјутер од 1980-тите. Галаксија се викал...


25.11.1985

Понеделников, како и секогаш, помина ептен глупаво, досадно, ужасно... Едноставно не можам да издржам. И не е само денес, туку општо. Зошто мора да бидам тивок кон оној кој постојано го прави животот на еден човек комплетен пекол? А уште посериозно прашање е зошто луѓе, како газдата и дел од колегите, воопшто постојат? Зарем не би било лесно да им ја врземе една преку очи за да знаат дека нивниот однос носи сериозни последици? Еве на пример, денес, кога стигнав на работа (за малку ќе задоцнев поради еден клошар што појма нема како да вози), газдата ме чекаше пред влезот, целиот насмеан како да добил дете и почна да ми се дере за тоа како доцнам секој ден (што не е вистина, само двапати сум задоцнил у мојот живот на работа) и исто така како ја сум размислувал поразлично од другите кога ќе сме дискутирале за некој план, или ако сум требал да донесам некој извештај. Е, па, извини друже, но ако беше способен да ни ја водиш фирмата, ќе забележеше дека профитот ни се зголеми поради мојата идеја од минатиот состанок. О да! И исто така сум требал да прекинам со следење на детски работи (цртани и аниме). Тоа си е моја работа шо сакам да си правам, а не твоја, ракче мизерно. Да му се невиди тоа тиквата што ја има. Сериозно, како човек не го фаќа страв од толкава глава? Изгледа е генетски тоа во неговата фамилија.

После „убавиот“ пречек, седнав на моето место и почнав да работам. За првпат може да се рече дека работава денес не излгедаше ама баш лошо. Дури и уживав. Чудно звучи знам. Но работата беше уште поубава оти имав и екстра помош од Наташа. Фала Богу што работевме заедно, имав со кого да правам муабет барем. И она како мене, 100 проценти идентична ситуација. И нејзе и викаат за секој потег што ќе го направи. Како и да е; се смеевме, работевме и така ни поминаа и утрото и пладнето. Кога беше време пауза, ние веќе завршивме со нашиот дел за денес. Така да ни остана да седиме безвезе до 4 и пол и после домче. Отидов да земам кафе до автоматот за нас двајца и кога се вратив, го гледам Томче. Најгнасното суштество што планетава го има. Дури и тие што му се блиски не можат да го поднесат. Таа лепешка не заслужува ни грам воздух да вдиши. На прв поглед мислев и се пуштал нешто на Наташа, но, друго било у питање. Вепаров кажал на газдава дека не се чувствува добро и дека ние сме способни да ја довршиме неговата. А газдата, како што си е рак, ужас невиден, со задоволство му рекол дека е ОК да замине. Сега ние двајца останавме и ја завршивме работата. Немавме друг избор. Ако речевме не, ќе го јадевме (изгледа е факт дека Томче и Перо си излегуваат на состанок секоја субота). После тоа, мртви уморни се поздравивме (и се бакнавме исто така. Да му се плукнам ептен ја сакам) и си отидовме дома. 

Пред малку се избањав и јадев и си викам у себе: „Уше колку ќе треба да го трпам срањево?“ Така да у моментов сум ептен на граница. Се молам на Бога да не полудам и да не направам нешто глупаво. Единствено нешто убаво што работава ми даде е мачето мое кое премногу го сакам. И исто така, зш идам по голема нужда на секои пет минути? Ќе треба да намалам и со јадењето. Сепак, не сакам да си го изгубам моето ептен уникатно тело со јадење премногу; иако и тоа игра голема улога во бодибилдингот.


28.11.1985

Нов ден, нови почетоци, авантури, моменти... Што и да е, ново е. Не сум нешто расположен денес да размислувам многу. А зошто е тоа така? Значи вака: сабајлево врнеше премногу. Не само тоа, и се успав. Како Ферари завршив со работите дома (доручек, кревет, јас), и сега после тоа, не како Ферари, но како Ламборгини излетав од дома и трчав да не задоцнам. Можеби бикот и ми е моето духовно животно зошто успеав за 20 минути да стигнам. На тој дожд да не се наводенам или да заглавам со семафорите, тоа е чудо невидено. Уште подобро беше што газдата не ме пречека за да ми се сили ко што му беше негов обичај. Си појдов на моето место, оставив јакната на закачалка, работите ги ставив на маса, и пред да почнам да работам, потстанав да видам дали Наташа е тука. Не беше. Си помислив можда ќе задоцни. И на крај крцнав прстите, почнав да вадам документите, упалив компјутерот (му требаа 150 години за да се упали и ГОСПОДЕ БОЖЕ ШТО ЌЕ НИ СЕ ВАКВИ МАШИНИ КОИ НЕ СЕ ПАЛАТ ИНСТАНТ!!!) и анализирањето на податоците започна. Изгледа дека нашата фирма може да... „Да знаеш Наташа нема да дојде денес бидејќи е болна. Ми рече да ви пренесам.“ ми рече газдата... И сега ова е делот каде што стварно немам што да кажам бидејќи после тие вести денот ми беше ужас.

Се вратив дома после 15 века работа, расфрлив алиштата и торбата и одма отидов да легнам. Не пројдоа ни половина час и станав. Не ми се спиеше. Почнав да се шетам наоколу (разбушавен, по гаќи и маица. Не знам зошто, но ми е смешно како изгледав) и да размислувам за тоа зошто вака се случува во животот. Зошто мора да сме мизерни, зш не сме способни да го најдеме решението кое ни е дадено пред нас итн. 

-Абе, зошто не ги игнорираш? Мислам дека така полесно ќе биде.
-Само кога ќе ти дадат наредба треба да им го потврдиш нивното постоење.
-Само така може...
АДАМ!!! Праевме муабет за ова океј? Ти кажав не сум расположен. И самиот знаеш дека денес не беше работа, туку со Наташа шо не беше денес. Позитивното е дека да, утре имам слободен ден, но сепак сакав да бидам со нејзе денес. И онака гледаш како е лош денот. Цел ден врнеше. Среќа шо имам брзина оти утоп ќе бев. За ова срање што е работава, не ми е до тоа. Туку со светот имам проблеми. Секакви гулпости се дешаваат, секакви убиства, и многу други работи кои се премногу грозни да ги спомнам (или фактот дека заборавив што беа тие, ама знам дека се грозни). И еве така после 5 саати дебата со еден куп луѓе, ќе одам да се измијам и да си легнам. Среќа што утре немам работа па станување ќе биде луксуз.

Исто така да одам на лекар за да видам дали страдам од шизофренија бидејќи во последно време со воздухот (можеби) правам муабет.


30.11.1985

Само со една реченица ќе опишам денов каков е бидејќи Наташа ме чека во кревет: Да му се плукнам ептен ја сакам.
А кратко подолга форма би било вака: Станав, сонце грееше, појадував, се облеков, отидов кај Наташа, и 12 часа подоцна, еве сме тука. Толку за мене. Се гледаме следен пат кога ќе ми биде „месечниот период“ или кога ќе имам нешо друго да пишам. До тогаш, arrivederci.


03.12.1985

Колку ми недостига тоа што се случи пред 4 дена. Ја и Наташа у саботата, цел ден само ние двајца, кај нејзе, кај мене. У парк, у маркет. Кај сакаш, бевме. Па после сексот беше ФЕНОМЕНАЛЕН!!! Последен пат олку убаво воедње љубов ми беше во 1977, после дипломирање со тогашната. Другите 2 после нејзе беа океј, али ова сеа со Наташа беше OH MY БОЖЕ!!!

Ама за жал, тоа е сега во кратко далечното минато, будејќи денес е пак назад на работа и пак мачење ненормално. Спомнав пред малку дека компјутериве не се како што треба. А што ако спомнам пак дека новите компјутери, Комодоре 64, нема да ги добијеме оваа недела, дури наредна година? Е ај види тоа срање. Газдата наш слепец невиден. Ем не гњави, ем не знае како да води бизнис.

За најлошото, сега ќе го објаснам, и е главната причина зошто сакам пак сабота да дојде и да заборавам на идиотиве околу мене (без Наташа, оти она е срцка, океј.): Доаѓам на работа, потврдувам дека сум дошол навреме, се ставам на катедра и почињам со работа. А цела канцеларија ни беше декорирана со секакви украси и елки, бидејќи уше малце ќе биде Божиќ и празниците после Божиќ. 
И сеа ја работам, и одеднаш една од елкиве шо ми беше у близина на моја катедра, падна и ми отиде мојата „Галаксија“. Отиде цела моја работа. 
Имаше мало вриштење од некои од колешките, бидејќи сево ова наеднаш се деси. И кога ќе видам, ТОМЧЕ!!! 
СЕЉЈАКОТ ТОМЧЕ, НАЧУКАН ДОЈДЕ НА РАБОТА И ОД ШО БЕШЕ ПРЕМНОГУ „РАСПОЛОЖЕН“, КУРТОНОТ ОДЛУЧИ ДА ЗАСПИЕ ДВИЖЕЈЌИ СЕ И ПАДНА ВРЗ ЕЛКАТА И ОТИДЕ СЕ У ТРИ ПИЗДЕ ЛЕПЕ МАТЕРИНЕ!!!

Еј барем завршивме со работа порано. што тоа беше кул.


12.12.1985

Недела дена и 2 дена подоцна, ситуацијата се подобри малку. Добив нова „Галаксија“ и си продужив со работа како по обичај. Исто така што се подобри (за жал, и последната работа што се подобри) е тоа што документите на претходниот компјутер беа сосема нови, така што започнувајќи со проектот од почеток не беше нешо тешко. 

Али тоа е се од убавите вести. Оти после работа, ја и Наташа терајќи накај дома, застанавме да каснеме малку у новиот јапански ресторант. Убави ствари имаа за јадење. После тоа, бевме и до Dumbo City Mall (з'ш не е Jumbo City Mall, појма немам) да купиме нешто за нејзините.
На крај, си се пољубивме, си се испокубевме за тоа кој поубо љубел, се поздравивме и си отидиов ја накај дома, а она кај нејзините.

Ја сам, одејќи дома со секакви убави мисли за тоа како деновиве беше релативно океј, гледам толпа народ. Зборуваат брзо и вознемиренио, ко нешо се десило. У реалност, сеуште не се десило. 
И така ја ко забезекнат гледам и шо ќе видам: Комшијата Трајче, на кровот од неговата куќа. Спремен да се фрли беше.
Сакав да одам да му помогнам, али брат му Маринко дојде да поразговара со него:
- Трајче! Симни се, шо си се качил горе, ча паднеш

Али тоа го натера Трајко да прозборе малку. Иако тоа шо го рече беше одбивно, полека полека се отвараше за проблемот што го натера да се качи на кров и да си го одземе животот. Неговата го оставила оти не била задоволна со него ли, шо знам. Па тоа го натерало Трајче да си го одземе животот. 
Маринко, за да не си го види брат му претворен у плескавица, му рече дека има разни типки за он да си фати. Србинки, наши, бугарки... Али, Трајко беше сепак одбивен на тоа.

- СИМНИ СЕ БЕ! МОРЕ ГЛУП!!!

Е тоа не му требаше да го рече. Оти после тие зборови, Трајче почна да јаде секакви гомна. 

Немајќи друг избор, се убацив и само реков: Трајче! Доколку за 5 минут не се симнеш од покрив, ќе пристапиме кон кажување на мајка ти!
Немајќи шо да прави, се симна и го одведоа до станица. Маринко и уше неколку други ми се заблагодарија за помошта што ја пружив (иако само реков „ќе те кажам на мајка ти“, не направив нешо посебно).

После тоа си отидов дома и после 3 саати, заспав.


24.12.1985

Католички Божиќ!

Порано со работа завршивме. Убаво си прославивме, па после отидов ја кај Наташа за да се видам со нејзините. Фини луѓе.

На крај се фативме ја и она за „работа“.

Се надевам наредна година ќе биде убаво. Планираме во Флорида да одиме на одмор. Али '86та е малце далеку у моментов, така да да се фокусирам на работата отколку да фантазирам за Флорида и нејзиниот ноќен, но доста див живот.






GioGio 

PREMIER LEAGUE 2025/2026 DECEMBER REPORT

  After long and exhausting 12 months of many ups and many, many downs, we’ve reached the end of 2025 and next stop is 2026. The year hasn’t...